Tигар
Тигар - голема мачка со црвеникаво жолто-кафено пругесто крзно, распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, Јужна Азија, Суматра и Кина.
Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените. Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со местото и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар се помали и имаат значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар. Мажјаците растат до височина поголема од еден метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од еден метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години
Бенгалскиот тигар или Кралски бенгалски тигар, е подвид на тигаркој главно живее во Индија и Бангладеш. Го среќаваме и во делови на Непал, Бутан, Мјанмар и јужен Тибет. Бенгалскиот тигар е еден од најголемите и најбројните подвидови на тигри. Владата на Индија пријавила дека има околу 1411 тигри во дивината





Comments
Post a Comment