Рис

                                                                                   Рис e род составен од четири видови на средноголеми диви мачки од родот рис. Името на рисот доаѓа од грчкиот збор “lynx”, со потекло од индо-европскиот корен “*leuk”, што значи „светлина, сјај“, поради сјајот на неговите очи. Денес доаѓа до голема забуна во врска со класифицирањето на фамилијата мачки, а некои ги класифицираат како дел од родот Фелис. Каракалот, кој понекогаш се нарекува персиски рис или африкански рис,
нeприпаѓа на овој род.                                                                                                                                                                           






Карактеристично за рисот е кратката опашка и црните перчиња на врвот на ушите. Под вратот има грива со црни линии (не секогаш видливи), кои наликуваат на вратоврска. Рисот има широки шепи погодни за одење по снег, и големи мустаќи на лицето.
Бојата на крзното варира од ‘рѓаво кафеава до жолто кафеава, а понекогаш е обележана и со темно-кафеави точки, особено на екстремитетите. Сите видови рис имаат бело крзно на градите, стомакот и на внатрешноста на нозете, кои се продолжетоци од крзното на градите и стомакот. Бојата на рисот, изгледот на крзното и големината на шепите варираат во зависност од неговиот климатски регион - во југозападните делови на Соединтетите Американски Држави крзното е со кратко влакно, темна боја, а шепите се потесни; како рисот се движи кон поладната, северна клима, крзното постепено станува погусто (за да го штити од студот), бојата е посветла (заради камуфлирање), а неговите шепи се зголемуваат и стануваат сé пошироки (за полесно движење по снег). Шепите се зголемуваат до тој степен што може да станат поголеми од човечка рака или стапало.
Рисот има неверојатно добар слух и 28 заби, кои ги забива длабоко во жртвата. Забите му се од голема помош, бидејќи тој не е најуспешниот ловец и ги губи повеќето од своите жртви поради разни други причини.





Comments

Popular Posts